Кој ги заклучил вратите во „Пулс”? - СДСМ со обвинувања за селективност во истрагата
Кој ја заклучил дискотеката Пулс? СДСМ обвинува дека Мицкоски и Коцевски ги штитат виновниците за трагедијата во Кочани. Партијата прашува зошто нема обвинение за сменоводителот Драган Петрушев кој вечерта раководел со акциската контола, за кого, како што велат, постои снимка како лично ги заклучува вратите на дискотеката. Зошто контрола во објектот не е направена според наредбата? Дали Петрушев бил во контакт со газдата на дискотеката за да му овозможи поголем профит по цена на човечки животи? И што го штити- партиската припадност во ВМРО-ДПМНЕ или компромитирачки материјали за функционери?
Од опозициската партија обвинија и дека началникот на СВР Штип е заштитен од Обвинителството поради блиските врски со власта.
Премиерот Мицкоски вели дека СДСМ се обивуваат да ја злоупотребат трагедијата и дека јавноста знае кој стои позади изборот на Коцевски, Бубевски и Абази кои испратиле свои обвинители на денот на пожарот.
На вчерашниот Марш за ангелите во Кочани, родителите изјавија дека тие што најмногу требале да ги заштитат, се најголемите виновници- полицијата, инспекторите, газдата, обезбедувањето.
Остануваат на барањето за неселективност во постапката, а ако не ја добијат правдата пред домашните правосудни органи, вистината ќе ја обелоденат во меѓународни рамки.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар