Македонија
30. May 2025 - 14:33

Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода

На 29.05.2025 во 11.14 часот во СВР Скопје од АРМ е пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на Кисела Вода е пронајдено нивно товарно возило „ивеко“ со скопски регистарски ознаки, за кое беше пријавено дека било одземено ноќта на 27/28.04.2025 од автосервис на подрачјето на Гази Баба.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.