За инает на обожавателките: Свршеницата на Омер објави фотографија од спалната

Неодамна во турските медиуми како бомба одекна веста дека омилениот турски ерген, актерот Бариш Ардуч или попознат како Омер, ќе заплови во брачните води и ќе му стави крај на ергенскиот живот.
Неговата избраничка е актерката Гупсе Озај со која е во врска од ноември 2014 година, а оттогаш живеат заедно во Истанбул. Иако по снимањето на серијата „Изнајмена љубов“ имаа проблеми во врската, сепак, двојката се реши за свадба која ќе се случи кон крајот на летото.
Обожавателките на Бариш воопшто не ја сакаат Гупсе, бидејќи сметаат дека таа не му прилега, а пак нејзе тоа не и пречи, па понекогаш знае да ги испровоцира со фотографии на кои прави иронични фацијални изрази.
Овој пат објави фотографија од спалната соба на која во креветот е со миленикот на својот сакан.

Имено, во својот дом Бариш и Гупсе имаат две кучиња и три персиски мачки, а и двајцата се големи љубители на животни.







Ново на Сител
-

Неизвесна судбината на Лукоил во Европа
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Тема на денот со Јане Војаџиевски, новинар од Вашингтон
-

Тема на денот со Мирјана Пантиќ, универзитетска професорка од Њујорк
-

Директорот на Агенцијата за поддршка на земјоделството осомничен за примање поткуп од 50 илјади евра
-

Ремонт на градски воз
-

Даме Димитровски од ВМРО-ДПМНЕ избран за нов претседател на советот на Град Скопје
-

Скопје се чисти, а од понеделник нови 55 приватни автобуси ќе возат низ градот
