Втор сет мерки: Минимална плата за април и мај од државата, запирање на извршувањето...
На денешната прес-конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски ги презентираше вториот сет мерки за поддршка на економијата која се соочува со последици поради коронавирусот.
Една од пакетот мерки е финансиска поддршка за претпријатијата за исплата на плати за вработените во висина од 14.500 денари. Минимална плата за април и мај ќе биде обезбедена и за спортските работниции и за самостојните уметници, како и придонесите на плата, а 50 проценти од висината на просечната плата ќе биде обезбедена за граѓаните кои останале без работа.
Минималната плата од 14.500 денари ќе примаат во април и мај сите избрани и именувани функционери. Претседателите и членовите на надзорните и управните одбори кои истовремено некаде работат нема да земаат надомест.
Се запира и Законот за извршување, а извршителите не ќе можат да преземат никави извршни дејствија.
Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференција во Владата рече дека мерките се креирани во консултација со членовите на Економскиот совет и низ разговари со деловната заедница преку стонанските комори, како и со академската заедница и стопанственици од реалниот сектоер.
Ново на Сител
-
ДЗР: Политичките партии под лупа, извештаите за трошење мора да се донесат на време
-
Градежниците - Најдефицитарен кадар во земјава, недостигот се увезува од странство
-
Собранието им го отвори патот на Николов и Ѓурчевски за амбасадори
-
Тема на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-
Преглед на вестите од светот
-
50 години и шест месеци затвор за нарко-кланот Грчец
-
Прва затворска казна за убиство на куче во Македонија
-
Пожарот кај Дојран ставен под контрола