Времето променливо облачно, со повремени врнежи од дожд

Синоптичарите за денеска најавуваат променливо облачно време, претежно во јужните делови со повремени врнежи од дожд, на места поројни и проследени со грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 20 до 26 степени.
Во Скопје променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 24 степени.
- И во петок времето ќе биде променливо облачно со умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд, особено во северозападните делови. Од сабота ќе преовладува сончево и релативно топло време, известува УХМР.
Ново на Сител
-

Помалку повреди и смртни случаи на работа преку нов проект финансиран од ЕУ
-

Помалку пари за ретки болести предвидени за идната година
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Јас побарав да запрат исплатите за ИПАРД
-

Фетаи: Меџити држеше 2 места во владата
-

Коцевски: Ќе ги засилиме капацитетите за Пулс
-

Мицкоски: Не е крај на светот – компании ќе се отвораат и затвараат
-

Преглед на вестите од светот
