46-годишник од Конче загина на лов, застрелан од пријател ловџија

Ловџија од Конче вчера починал откако во него друг ловџија од небрежност испукал еден истрел што го погодил во пределот на стомакот и раката. Двајцата заедно со уште неколкумина други ловџии биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов. Како што соопшти МВР, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава за лицето што пукало поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“, од сите инволвирани се одземени ловечки пушки и муниција, а по целосно документирање на случајот за сите лица ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „незаконит лов“.
Во соопштението од полицијата се наведува дека на 10 ноември полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш ги лишиле од слобода М.Б.(40) од село Габревци, Љ.М.(64) од село Долни Липовиќ, М.Д.(50) од село Габревци, В.Р.(52) од село Ракитец, М.М.(67) од село Ракитец, С.Р.(34) од село Ракитец, Г.Р.(69) од село Ракитец, В.И.(48) од село Ракитец, В.Н.(72) од село Долни Липовиќ, Г.К.(51) од село Дедино и Ј.Б.(47) од село Габревци, сите во општина Конче. Лишените од слобода, заедно со Ј.П.(46) од село Ракитец, општина Конче, на 10.11.2025 во атар на с. Габревци биле во лов на дивеч без да поседуваат дневни дозволи за лов.
- За време на ловот, во еден момент М.Б. од својата ловечка пушка од небрежност испукал еден истрел и го погодил Ј.П. во пределот на стомакот и раката, по што М.Ј. и Љ.М. го качиле повредениот во патничко возило и тргнале кон Итна медицинска помош Радовиш. По пат ја известиле Итната медицинска помош и на место викано „Дедински Чаири", атар на село Дедино, се сретнале со возилото на итната помош, каде што лекар констатирал смрт кај Ј.П., наведуваа од МВР.
Увид на местото изврши јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа на ОВР Радовиш. По наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.
Од сите инволвирани се одземени ловечки пушки и муниција, а ловечка пушка и муниција се одземени и при претрес на домот на М.Б., извршен со судска наредба.
М.Б., Љ.М. и Г.К. се задржани во Полициската станица Радовиш, а во текот на денот против М.Б. ќе биде поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „убиство од небрежност“.
Додека, по целосно документирање на случајот против М.Б., Љ.М., М.Д., В.Р., М.М., С.Р., Г.Р., В.И., В.Н., Г.К. и Ј.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „незаконит лов“ по член 228, а против Ј.Б. ќе биде поднесена и кривична пријава за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот закон.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Скопје ќе биде украсено како што треба да биде и како што заслужуваат нашите граѓани
-

Атлетико Мадрид доби нови сопственици
-

Во украинската корупциска афера вмешан и соработник на Зеленски
-

Роналдо: СП2026 ќе биде мое последно, а ќе играм уште година, две
-

Лавров: Русија ќе тестира нуклеарно оружје, ако и другите нуклеарни сили вршат нуклеарни проби
-

На секои 10 следбеници собира една ќеса ѓубре | Филип Ѓорѓиев „Ќеса на 10“ | Sitel Podcast 123
-

Претседател на Чешка: Еднаш ќе мора да собориме некој руски авион
-

Алиу за случајот со почината пациентка: ДСЗИ е веќе на терен, денеска ќе потпишам да се формира стручната комисија
