Македонија
11. November 2025 - 16:39

Вреди не отстапува на местото на Изет Меџити да дојдат двајца нови министри

Албанскиот партнер во Владата не отстапува од тоа на местото на Изет Меџити во кабиентот на Мицкоски да седнат двајца претставници од Вреди. Од таму тврдат, дека по заминувањето на Меџити за градоначалник на Чаир, постои согласност на вицепремиерското место да седне Беким Сали, додека пак , Вреди треба да се предложи друго име за втората негова функција – министер за животна средина. 

Претходно, Мицкоски беше дециден дека на местото на Меџити не може да дојдат двајца нови министри од Вреди и дека за евентуална кадровска промена во Владата ќе се разговара дури по партискиот конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 6 декември.

Од друга страна, неговата матична партија се уште инсистира на реформи во СДСМ со заминување на лидерот Филипче.

Од СДСМ возвраќаат дека по последните корупциски афери власта треба да бара промени во сопствените редови. Од таму и со порака дека нема да успеат разни кујни за наводни мештарења во партијата.

Кузевска додава дека веќе се вршат разговори за пополнување на празните места во раковдството на партијата по заминувањето на Чупеска, но и со нови имиња. Неофицијално, Конгресот на партијата пак, треба да се очекува до Нова година.