Вреди: М-НАВ - фамилијарна пирамида на ДУИ каде со правилно презиме се добива дебела плата
ДУИ од црната листа нема никаква врска со интересите на Албанците, тие ги користат како штит за да го сокријат својот криминал и непотизам! Повиците за „деалбанизација“ и „етничко чистење“ се само димни завеси за прикривање на паниката поради губењето на привилегиите и стравот од правдата.
Да мислеа некогаш за Албанците, 20 години ќе им ги решеа проблемите. Но, што направија? Создадоа пашалик за своите семејства, сместија снаи и внуци на богатите јасли на властта, а Албанците ги оставија без работа, принудувајќи ги да заминат од земјата!
М-НАВ е само срамен пример на оваа фамилијарна пирамида на ДУИ, бастион каде само правилното презиме дава работно место со дебела плата!
Еве како ДУИ ги „заштитила“ Албанците, сместувајќи ги своите:
-Верона Груби – снаа на Артан Груби како раководител на Архивот.
-Беса Халими – снаа на Ејуп Халими како раководител на набавките.
-Афердита Халими, Ајсере Алиу, Румеја Османи – роднини на Ејуп Халими.
-Гзиме Хасани – сопруга на Мухарем Хасани.
-Рејхане Османи – сестра на Бујар Османи.
-Арбин Весели – внук на Беким Незири.
-Бурак Исмаили – син на Хисни Исмаили.
-Самир Буши – син на Назиф Буши.
Дали ова е еднаквоста на Албанците што ја бара ДУИ? Сигурно одговорот е едно ГОЛЕМО НЕ! Тие создадоа „фамилијарни претпријатија“ со државни пари, додека албанската младина остана на улица, невработена и разочарана!
ВЛЕН ќе го демонтира овој трул систем и ќе донесе правда за сите Албанци!
Ново на Сител
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати
-
Откако Палевски беше отстранет од судница, Кешишев раскажа како биле грабнати и убиени Вања и Панче
-
Нормализиран водостојот на Маркова Река, штети во Батинци, Горно и Долно Лисиче