Вработените во гевгелиските детски градинки ќе се тестираат од Ковид-19
Со цел да се изработи протоколот за работа на детските градинки и нивно ставање во функција, утре почнува скринингот од Ковид-19 за персоналот од ЈОУ „Детска радост“ поточно од трите градинки во Гевгелија и клоновите во Негорци, Миравци и Богородица.
Скринингот, беше речено, ќе се прави со тестови според ПСР техниката заради идентификување на асимптоматски носители на вирусот доколку ги има.
– Со скринингот ќе бидат опфатени околу 100 вработени во градинките во општина Гевгелија. Во договор со ПЕ на Центарот за јавно здравје тестирањето ќе се одвива четири дена. Ќе почне утре,15 мај, а потоа ќе продолжи во понеделник, вторник и ќе заврши во среда на 20 мај, рече Бети Стоименова, директорка на ЈОУ „Детска радост“.
Тестирањето ќе се врши во пунктот на ПЕ на центарот за јавно здравје во Гевгелија каде брисеви на вработените ќе се земаат во дефинираното време од 8 до 14 часот.
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење