Најголемиот саем за технологија во светот, Gitex Global, доаѓа во Југоисточна Европа, а домаќин ќе биде Белград!
Најголемиот технолошки саем во светот „Gitex Global“ го избра Белград за домаќин на првиот саем на оваа престижна организација во Југоисточна Европа, кој ќе се одржи под името „Gitex AI Serbia“ во 2027 година за време на специјализираната изложба „Expo 2027“.
Оваа одлука беше донесена денес на отворањето на 45-от по ред саем Gitex Global во Дубаи и ја потврдува позицијата на Србија како растечки центар на иновации и нови технологии во овој дел од Европа. На овогодинешниот Gitex Global, кој собира повеќе од 1.000 изложувачи и 200.000 посетители, Србија е и земја-партнер.
Организацијата „Gitex AI Serbia“ претставува историски момент за Србија и регионот на Југоисточна Европа, отворајќи ги вратите за меѓународни партнерства и презентирајќи го регионалниот технолошки потенцијал на глобалната сцена. Се очекува Белград да биде клучно место за средба на светските лидери во областите на вештачката интелигенција, дигиталната трансформација и стартап иновациите.
Директорот на Gitex Global Trixie LohMirmand, по одлуката за организирање на „Gitex AI Serbia“ во Белград, го изјави следното:
„Лансирањето на GITEX Serbia 2027 означува ново поглавје во нашето глобално патување за проширување на GITEX искуството во нови центри за иновации. Србија се издвојува како динамичен мост помеѓу Истокот и Западот и затоа сме возбудени што го донесуваме најголемиот светски саем за технологија и стартапи во Белград.“ (Launching GITEX Serbia 2027 marks a new chapter in our global journey to expand the GITEX experience to emerging innovation hubs. Serbia stands out as a dynamic bridge between East and West, and we are excited to bring the world’s leading technology and startup showcase to Belgrade)
Претседателот на Српската стопанска комора, Марко Чадеж, која одигра важна улога во организирањето на овој саем, го изјави следното:
„Постојат патеки кои се тешки. Од моментот кога ќе ги здогледате, јасно можете да видите колку ќе биде тежок и напорен секој чекор по патот. Сепак, наградата на крајот од таа патека е возбудлива, вредна и од витално значење. Во текот на изминатата деценија, Србија го промени образовниот систем за да одговори на барањата на технолошката револуција. Воведовме програмирање уште во 5-то одделение од основно училиште, го зголемивме бројот на ИТ експерти за три пати, го развивме извозот на ИТ услуги на 5 милијарди долари годишно! Нашиот стартап екосистем порасна за 25 проценти во последните пет години.
Сега ни треба платформа гласно да покажеме што можеме да направиме и што сакаме. Видовме совршен партнер, но беше потребно тој партнер да нè види и нас. Последните две години на работа нè доведоа до овој момент и денес сме возбудени што сме пречекани од посебното семејство Gitex. Ништо од ова не би било можно без луѓето, извонредните луѓе, Тrixie и нејзиниот тим.
Затоа, дозволете ми да ја изразам мојата искрена благодарност на Gitex и неговиот менаџмент за тоа што нè прифатија и ни дадоа можност да зборуваме пред светот. Решени сме да ја искористиме оваа можност и ги поканувам сите во Белград во 2027 година. Секој тежок пат е полесен за одење со вистинските луѓе покрај вас - и среќни сме што Trixie е на наша страна“.
Данило Јериниќ, директор на EXPO 2027 d.o.o. Белград, го изјави следното:
„Доаѓањето на Gitex Global во рамките на Expo 2027 Белград претставува пресвртница не само за нашата технолошка сцена, туку и за целата економија на регионот. Тоа е сигнал дека Србија станува дел од најважните текови на глобалната дигитална трансформација. Со поврзување на најголемиот технолошки саем во светот со првата специјализирана изложба во овој дел од Европа, ги поставуваме темелите за нова економија базирана на знаење, иновации и одржлив развој.“Gitex AI Serbia, во рамките на Expo 2027, ќе биде повеќе од технолошки настан: тоа ќе биде платформа што ги поврзува инвеститорите, стартапите, универзитетите и индустријата. На тој начин, Србија јасно покажува дека е подготвена да премине од фаза на технолошки корисник во фаза на технолошки креатор.Ова партнерство претставува конкретен доказ дека технологијата и економијата не се одделни сфери, туку заеднички двигател на иднината. Убеден сум дека Gitex AI Serbia и Expo 2027 Белрад заедно ќе ја постават Србија во самото срце на глобалната мрежа на технолошки и економски развој, отворајќи нови пазари, нови инвестиции и нова перспектива за регионот на Западен Балкан.„Gitex Global“ од Дубаи, со долга традиција од 45 години, е еден од најголемите и највлијателните глобални технолошки настани, познат како клучна платформа за поврзување на глобални технолошки компании, инвеститори и стартапи.
„Expo 2027“, првата специјализирана изложба во светот организирана во Југоисточна Европа, ќе се одржи во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година. Се очекува изложбата да ја посетат повеќе од четири милиони посетители. „Expo 2027“ е најамбициозниот проект во модерната историја на Србија и нуди единствена можност за меѓународна промоција на земјата и регионот.
www.gitexserbia.com
Ново на Сител
-
Најголемиот саем за технологија во светот, Gitex Global, доаѓа во Југоисточна Европа, а домаќин ќе биде Белград!
-
Јужна и северна распродадени на пет часа пред Македонија - Казахстан, останати карти само за западната трибина
-
ЕУ најави проширување на европските фабрики за вештачка интелигенција во Северна Македонија и Србија
-
Д-р Јован Божиновски нов директор на Клиниката за неврологија
-
Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори
-
ЕСМ: Од 15 октомври започнува грејната сезона во Скопје
-
Поевтинуваат горивата
-
Две години условна казна и 2.500 евра за Мерко за незаконско поставување директори во две училишта