Македонија
13. October 2025 - 16:35

ДУИ и СДСМ - гласањето в недела е референдум, Mицкоски вели - предвремени избори ќе нема

Мицкоски останува на ставот дека предвремени избори, независно од резултатите на локалните избори, ќе нема. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека вакви избори бараат само партиите кои немаат што друго да понудат за изборите на 19 октомври.

Кандидатите на коалицијата предводена од ДУИ нема ден да не спомнат предвремени избори. Вчера Османи, кој е и потпретседател во партијата на Ахмети, на својата промоција за Чаир, повторно каажа дека пораката што ќе ја пратат граѓаните во недела, нема да биде гласање само на локалните избори. Тој коментираше дека Владата била нестабилна и главните политички партии биле согласни дека избори се неминовни. 

Слична порака за референдумско изјаснување во недела стигна и од лидерот на СДСМ Филипче од Струмица.

Во меѓувреме не стивнуваат ни меѓусебните критики во изборната реторика. Филипче, коментира дека Мицкоски не поднесува критика, а секојдневно напаѓа. Додека пак, Мицкоски очекува СДСМ да се огради од говорот на омраза кон него. 

Изборната кампања трае до петок. Завршните митнизи од кои ќе се чујат и последните лидерски пораки се во Охрид на ВМРО-ДПМНЕ и Куманово на СДСМ.