Воена вежба „Македонски блесок 14“
На армискиот полигон Кривлак од денеска до 20-ти овој месец ќе се одржи воената вежба „Македонски блесок 4“.
Целта на вежбата е преку самооценување, согласно НАТО оперативните способности, да се демонстрира нивото на борбена готовност на дел од декларираните единици на АРМ - декларирана чета на воена полиција и капацитетите за поддршка на операциите водени од НАТО.
Во рамки на „Македонски блесок 14“ ќе се изврши увид во армиските можности за структурирање, функционирање и оспособеност на декларираната Копнена маневарска болница (КМБ), да одговори на побарувањата за претстојното НАТО медицинско оценување.
На вежбата „Македонски блесок 14“ треба да се изврши НАТО преоценување на „ниво 2“ на декларираната чета на Воената полиција, како и за првпат внатрешно медицинско оценување на декларираниот состав на Копнената Маневарска Болница со улога 2.
Декларираната чета на воената полиција е дел од силите на Концептот на оперативна способност на НАТО, и како негов составен дел подлежи на валоризација на своите персонални и материјални капацитети согласно НАТО стандардите.
Во 2015 година, единицата ја потврди оспособеноста за рамноправно учество во операции за поддршка на мирот, а на оваа вежба ќе се стреми да ја потврди борбената готовност и со тоа по вторпат да го покаже професионализмот, што е неодвоив дел од функционирањето на единицата, појаснуваат армиски претставници.
Во рамки на воената вежба „Македонски Блесок 14“ на Криволак на 18 октомври ќе се реализира Отворен ден, додека на 19-ти ќе има Ден за високи гости, на кој ќе бидат присутни високи национални воено-политички претставници.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ
-
Преглед на вестите од светот
-
Судот одреди куќен притвор за скопјанецот кој со мотор го усмрти Југослав – Обвинителството вложи жалба
-
Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи
-
Гази Баба неколку дена без вода, градоначалникот најавува кривична пријава
-
Наместо данок за невенчани, владата да обезбеди повисоки плати и подобар стандард, велат од Реактор
-
Утре ВМРО-ДПМНЕ ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
СДСМ: Дебакл на надворешна политика