Македонија
5. July 2025 - 16:49

Пеколните горештини причина за колапси и сообраќајни несреќи

42 степени на пладне...Врелиот асвалт и движењето на вакви пеколни горештини е сериозна закана по здравјето. Во вакви услови и кратко изложување на сонце може да доведе до губење на свест. Екстремната жештина е ризик и за возачите. Само изминатите 48 часа се регистрирани десетици инциденти на патиштата низ земјата или како што велат од скопската Брза Помош, секоја смена  во просек имаат по пет интервенции кај сообраќајни несреќи.

- Моментот на акомодација го немаме на самото тело што ги поднесува тие како шокови состојби и сето тоа доведува до пад на притисокот, зголемување на притисокот во зависност од промените кои настануваат, намалена концентрација, тензија, вознемиреност од целиот тој сплет и гужви пто се случуваат и сето тоа доведува до појава на несакани сообраќајни несреќи,  вели д-р Александра Пејовска, Брза Помош – Скопје. 

Според лекарите, дехидратацијата и прегревањето на телото се главните причини поради кои граѓаните колабираат на јавни површини. Особено ранливи се постарите лица, хронично болните и децата. 

- Да се пијат многу течности, температурата во возилата да не биде многу ниска за разлика од надворешната, лесна облека, лесна храна, вели д-р Пејовска.

Од скопската Брза Помош во просек дневно имаат интервенции кај најмалку 5 колапси а регистрираат и мозочни удари. 

Топлината не е само непријатност туку и опасност по здравјето и безбедноста. Треба да бидеме хидрирани и внимателни за своето ни и за здравјето на другите.