Loading Video...
Свет
5. July 2025 - 16:57

Преглед на вестите од светот

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот руски колега Владимир Путин разбира дека можеби ќе дојдат повеќе санкции бидејќи Москва продолжува да го отфрла притисокот на Вашингтон за прекин на огнот во Украина.

Трамп во четвртокот имаше телефонски разговор со Путин по кој се изјасни како разочаран. Во меѓувреме тој телефонски разговарал и со Зеленски а разговорот украинскиот претседател го оцени како многу важен и корисен. 

Во меѓувреме Русија ги засилува нападите. Американските анализи покажале дека само во јуни Русите лансирале речи си 5.500 дронови што е 16 пати повеќе од истиот месец лани.

Најмалку 24 лица загинаа во поплавите кои ја зафатија американската држава Тексас. Спасувачите се уште траат по исчезнати меѓу кои се и 20тина девојчиња кои биле на летен камп.

Поплавите во Тексас избија по силните дождови во текот на вчерашниот ден кои предизвикаа излевање на реката Гвадалупе.

Со многу солзи и аплаузи напаѓачот на премиерлигашот Ливерпул, Диого Жота и неговиот брат Андре Силва беа испратени до својот вечен дом. Погребната церемонија се одржа во капелата во Гондмоар, во нивната родна Португалија. Последна почит на својот соиграч му даде целиот тим на Ливерпул и колегите од португалската репрезентација. 

Диого и неговиот брат во четвртокот загинаа во Шпанија откако нивното Ламборџини излета од патот и се запали. 

Актуелниот шампион во Премиер лигата најави дека остатокот од договорот на Жота кој истекува за две години ќе му биде целосно исплатен на неговото семејство, сопругата со која се ожени пред помалку од 1 месец и нивните три деца.