Во затворските ќелии во Франција ќе се воведат фиксни телефони

Во 178 затвори во наредните три години ќе бидат воведени фиксни телефонски линии.
Според тоа, затворениците речиси во секоја затворска ќелија ќе можат да обавуваат приватни разговори, со тоа што на располагање ќе им бидат само броеви претходно одобрени од судија или од затворската управа.
Министерката за правда Никол Белубе одлуката за воведување телефони во затворите ја донела на основа на експеримент спроведен летото 2016 година во затворот Монмеди во Меза.
Во тој затвор 290 затвореници веќе имаат лична фиксна линија и повеќе не мора да телефонираат од говорниците кои се наоѓаат во внатрешниот двор за прошетка или во ходниците, кои често се преполни и бучни.
„Фигаро“ наведува дека затворениците може да имаат по 20 контакти во именикот.
Целта на оваа мерка е да се овозможи поголем пристап до телефоните и да се подобри доверливоста на телефонските разговори „за да се поттикне одржувањето на семејните врски и да се спречат самоубиства“.
Сега времето за телефонирање е ограничено на неколку часа дневно, а во некои затвори има само еден телефонски апарат на 100 затвореника, што доведува до меѓусебни тензии.
Со новата мерка како позитивен ефект се покажа и намалувањето за 31 отсто на употребата на мобилните телефони, кои се забранети во затворот.
Затворската управа, одговарајќи на скептиците во однос на можноста за злоупотреба при користењето фиксни телефонски разговори, истакнува дека секој повик се регистрира и контролира и дека во случај на кршење на правилата ќе бидат преземени казнени мерки.
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
