Свет
29. October 2025 - 15:39

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Русија тестирала подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје, „Посејдон“, само неколку дена откако објави успешен финален тест на крстосувачката ракета на нуклеарен погон „Буревестник“.

– Вчера спроведовме уште еден тест, на уште еден перспективен систем – подводниот дрон Посејдон, рече денеска Путин.

– Не постои начин да се пресретне, нагласи рускиот претседател.

Според руските власти, ова оружје е на нуклеарен погон и може да носи и нуклеарни боеви глави.

 

МИА