Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви

Израел соопшти дека ќе се придржува кон спогодбата за прекин на огнот во Појасот Газа, откако во синоќешните воздушни напади, според палестинските здравствени власти, загинале најмалку 104 лица.
Израел и Хамас повторно меѓусебно се обвинуваат за нарушување на примирјето. ИДФ соопшти дека нападите биле одговор на убиството на израелски војник застрелан од палестински борци.
Во денешното соопштение, израелската армија наведе дека ќе го почитува примирјето, но предупреди дека ќе реагира решително на „секое прекршување“.
Армијата потврди дека цел на нападите биле складишта за оружје, тунели и позиции на Хамас, а меѓу ликвидираните се и петмина припадници на групата, меѓу нив и командант кој учествувал во нападите од 7 октомври 2023 година.
Палестинското Министерство за здравство во Газа соопшти дека меѓу загинатите има 46 деца и 20 жени.
Американскиот претседател Доналд Трамп оцени дека прекинот на огнот не е загрозен. – Израел имаше право да одговори. Ништо нема да го наруши примирјето, изјави тој на летот со „Ер форс уан“.
Катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдуррахман Ал Тани изрази „длабоко разочарување“ поради новите судири, потсетувајќи дека Катар, Египет и САД беа посредници во постигнувањето на договорот за прекин на огнот.
Ал Тани рече дека Хамас изразил подготвеност да се повлече од управувањето со Газа и нагласи дека Доха постојано ја охрабрува групата да се разоружа.
МИА
Ново на Сител
-

Додик му се заблагодари на Трамп за укинување на санкциите кон него и неговите соработници
-

И во Реал Мадрид има незадоволни
-

Израел соопшти дека ќе го почитува примирјето во Газа по воздушните напади со над 100 жртви
-

САД ги укинаа санкциите против Додик
-

Трамп ги отпушти сите членови на Комисијата за ликовни уметности, која планираше да ги преиспита неговите градежни проекти
-

Германија: Над 22.000 граѓани го промениле родовиот идентитет по олеснувањето на законската процедура
-

Путин: Русија тестираше подводен дрон способен да носи нуклеарно оружје
-

Доживотно суспендирани ирачите на Беса што го тепаа голманот на ФК Аеродром
