Во Велес отворена изложба од Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2016“

Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на дела од Меѓународната ликовна колонија „Куманово 2016“ која минатиот август по 43.пат се одржа Меморијалниот комплекс во Пелинце кај Куманово.
На изложбата се претставени 30-тина дела масло на платно во различни техники од 11 автори од Македонија, Србија и Бугарија, учесници на колонијата.
Драгана Спасовска, раководител на колонијата, појасни дека авторите учесници оставија колекција која е богата по квалитет и квантитет.
- Ова е колекција со различни ликовни изрази, потписи. Тоа се зрели автори, а воедно има и автори кои се на почеток на своето ликовно творештво и кариера. Со учество на колонијата тие разменуваат знаења и искуства, потенцира Спасовска.
Кумановската колонија е една од настарите во земјава заедно со Прилепската и Струмичката. Првично се одржуваше во манастирот Св. Прохор Пчински, а потоа во Меморијалниот комплекс Пелинце, кај Куманово. Како резултат на нејзиното работење во НУ Музеј во Куманово се наоѓа богата збирка од над 800 дела од бројни автори учесници на колонијата од земјава и странство.
Минатата година 20-тина дела од Кумановската ликовна колонија беа претставени и во Македонската амбасада во Париз.
Во Велес ова и е второ претставување.Првото беше во 2012 година.
Ново на Сител
-   
           Филипче: Гласајте по сопствено убедување
-   
           Серија проекти и мерки по изборите
-   
           Сиљановска: Жените да бидат вклучени во процесот на одлучување
-   
           Заплениети 130 килограми марихуана на Табановце
-   
           Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро
-   
           Преглед на вестите од светот
-   
           Промовирано новото македонско вино - Волкано од Монтеко
-   
           Пораки и ветувања од кандидатите спроти изборниот молк утре на полноќ







