Македонија
31. October 2025 - 12:14

Неопходна е стратегија за спас на Преспанското езеро

Неопходна е стратегија за спас и заштита на Преспанското езеро.

Состојбата е критична велат експертите ниското ниво и намалениот квалитет на водата негативно влијае врз живиот свет кој опстојува таму. Иако езерото последните децении во повеќе наврати се повлекувало, вака не било одамна. Појасите со трска што ги обколуваа преспанските плажи се одамна на суво, а пристаништето и платформите од крајбрежните ресторани се дури неколку метри од водата.

Нуркачите велат дека за разлика од минатото кога се превеле акции за чистење сега речиси и да е невозможно поради заматеноста на водата .

Добрите познавачи посочуваат дека едно од можните решенија за да се подобри ваквата слика е надополнување со вода една од мерките која беше приемента на Дојранскотое езеро со што би се изнашле изворишта чија вода ќе се пренасочи во езерото.