Во Турција 311 турски војници се уште се кријат по обидот за преврат
Триста и единаесет турски војници и натаму се кријат по обидот за пуч на 15 јули, а деветмина од нив се генерали, изјави турскиот министер за одбрана Фикри Ишик, во интервју за телевизискиот канал Си-Ен-Ен-Турк.
Според министерот тие се наоѓат на територијата на Турција. Тој не даде коментар што ќе се случи со војниците, кои избегаа во Грција, по обидот за преврат и се задржани од грчките власти.
- Не недостигаат тенкови, авиони, хеликоптери, бродови или друга борбена техника. Има сепак значителна количина муниција, која ја користеле учесниците во пучот, рече Ишик.
Истовремено со указ, кој беше објавен во Службен весник 94 генерали од копнените сили, 22 адмирали, 44 генерали од воено-воздухопловните сили и шест генерали и еден адмирал од военомедицинската академија ГАТА биле прераспределни на други должности. Со истиот указ генералот Зекаи Аксакал ќе остане на претходната функција, командант на специјалните сили.
На прашањето дали апсењата и отпуштањата на војниците завршиле министерот одговори дека продолжува истрагата на обидот за пуч и оти веројатно ќе има уште апсења и отпуштања.
Ишик посочи дека оваа година се откажува празнувањето на традиционалниот Празник на победата на 30 август, професионален празник на турската армија.
- Обидот за преврат, кој беше осуетен, му нанесе голема траума на нашиот народ. Земјата се наоѓа во вонредна состојба. Луѓето стравуваат од повторен обид за преврат. Во таква ситуација е незамисливо да се организираат паради, манифестации, веселби. Поради тоа оваа година нема да се одржи Празникот на победата. Откажани се сите манифестации по тој повод, додаде министерот.
Ова е првпат од формирање на турските вооружени сили овој празник да не се одбележи. На 30 Август во Турција се слави победата на турската армија, предводена од Мустафа Кемал Ататурк над грчката војска за време на турската ослободителна војна (1919-1922).
Ново на Сител
-
Мицкоски: Анкетната комисија за Кочани, да се прошири и за другите трагедии
-
Мицкоски не планира реконструкција – Таравари почна да брои пратеници
-
Филипче доби 4-годишен мандат со поддршка од 18.000 членови на СДСМ
-
ВМРО-ДПМНЕ за новиот имот на Левица: Апасиев е левичар од Али Експрес
-
Владата го зголеми капитациониот бод за матичните лекари
-
15 години клиничка болница “Аџибадем Систина”
-
„Царините од САД се резултат на грешка“ – Мицкоски очекува да се коригира одлуката
-
Инфлацијата се смирува, мерките за ограничени цени и маржи, според надлежните - даваат резултат