Во Токио викендов средба на министрите за надворешни работи на Јужна Кореја, Кина и Јапонија

Министрите за надворешни работи на Кина, Јужна Кореја и Јапонија оваа недела ќе се сретнат во Токио, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.
Јужнокорејскиот министер Чо Тае-Јул, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји и јапонскиот колега Иваја Такеши „ќе разговараат за напредокот на трилатералната соработка“ од претходната трилатерална средба на лидерите на трите земји во мај минатата година.
Покрај тоа, тие ќе ги споделат своите позиции „за идниот развој на трилатералната соработка, како и за регионалните и меѓународните прашања“.
Се очекува министрите да разговараат и за напорите за обезбедување на следниот состанок на тројцата лидери, кој се очекува да се одржи во Јапонија подоцна оваа година, како и општи дискусии за начините за подобрување на соработката во економијата, културата и прашањата поврзани со Корејскиот полуостров.
За време на посетата, министерот Чо планира да оствари билатерални разговори со Иваја и Ванг, додаде Министерството.
Оваа година се очекува Јужна Кореја да биде домаќин на самитот на АПЕК кон крајот на октомври и почетокот на ноември. Домаќин на средбата следната година ќе биде Кина.
Ново на Сител
-

Снежна бура во САД: Откажани речиси 500 летови, верижен судир помеѓу 45 возила во Индијана
-

Николоски: Автопатот Гостивар - Букојчани го градиме интензивно, 17 километри се веќе пробиени
-

Најстудено во Тетово, Битола и Берово
-

Аксиос: Прашањето за териториите беше доминантна тема на разговорите меѓу Украина и САД во Флорида
-

Пробен период на „Безбеден град“, се снимаат сообраќајните прекршоци, месецов опомени, казни од јануари
-

Средба на министрите за одбрана на ЕУ посветена на поддршката на Украина и европската одбранбена подготвеност
-

Триумф на македонските кошаркари во Даблин против Република Ирска
-

Галевски е јунакот на Алкалоид во ремито со шампионот Еурофарм Пелистер
