Галевски е јунакот на Алкалоид во ремито со шампионот Еурофарм Пелистер

Со одбраната на седмерецот во последните секунди голманот на Алкалоид, Иван Галевски успеа да донесе еден бод за својата екипа на гостувањето кај првакот Еурофарм Пелистер – 26:26. Ова беше последниот дуел од 14.коло од Супер лигата, а два ривала по вторпат во првенството играат нерешено.
Почетокот на дуелот беше во знакот на битолчани, но Алкалоид брзо ја врати неизвесноста. На полувреме Е.Пелистер стигна до предност од четири разлика – 17:13. На почетокот на вториот дел домашната екипа стигна и до водство од седум разлика 23:16 (41.минута). Тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров во игра го внесе голманот Иван Галевски што беше најава за резултатски пресврт. До крајот на натпреварот Алкалоид успеа да ги изедначи резултатот и со голот на Игор Георгиев (6/6) изедначи на 26:26. Во последниот напад битолчани се изборија за седмерец, а ударот на Богдан Радовојевиќ, Галевски го одбрани.
Дејан Манасков кај Е.Пелистер со 9 голови беше најефикасен, додека кај Алкалоид Марко Стојковиќ постигна 8. Никола Митревски на голот на Е.Пелистер имаше 13 одбрани, додека Галевски заврши со 7 (два седмерци).
Вардар е прва на табелата со 28 бодови, пред Еурофарм Пелистер со 24, додека Охрид и Алкалоид имаат по 21.
МИА
Ново на Сител
-

Галевски е јунакот на Алкалоид во ремито со шампионот Еурофарм Пелистер
-

Јакимовски: Многу важна победа, ова е еден чекор кон главната цел
-

Од денеска во Србија повисоки пензии за 12,2 отсто, првите исплати пред Божик
-

Трамп оптимист за мировниот договор по средбата меѓу американската и украинската делегација во Флорида
-

Андоновски ќе промовира бесплатна Wi-Fi зона на Филозофскиот факултет - Скопје
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес низ призмата на европската интеграција: Улогата на парламентот во спроведувањето на регионалните приоритети
-

Пронајдено безживотно тело во Вардар кај село Уланци
-

Сончево, претпладне со магла во одделни котлини
