Во Тетово зголемен бројот на лица со Ковид-19 кои имаат потреба од здравствена заштита
Градоначалничката на Општина Тетово, Теута Арифи по денешниот состанок на Кризниот штаб соопшти дека е зголемен бројот на лица кои имаат потреба од здравствена заштита во Инфективното одделение на Клиничката болница.
Капацитетите на Клиничкиот центар во Тетово се стабилни и персонал има доволно, рече Арифи на средба со новинарите, но не кажа колку луѓе се задржани на болничко лекување.
На состанокот беше и директорот на болницата. Тој не даде информации за новинарите.
-Како резултат на зголемувањето на бројот заразени со КОВИД-19, во Клиничкиот центар во Тетово, поточно на Инфективното одделение, се зголеми бројот на лица кои имаат потреба од здравствена заштита. И покрај зголемувањето на бројот и сериозната состојба, здравствените капацитети на Клиничкиот центар во Тетово се стабилни и успешно се справуваат со ситуацијата. На помош на инфективното одделение се просториите на интернистичко одделение, а ако има поширока потреба за простор исто така ќе се преадаптираат за болни со КОВИД-19. Се зависи дали бројот на болни ќе ги надмине капацитетите. Информирани сме дека персонал има доволно, изјави Теута Арифи.
Таа вели дека редовни се средбите на кризниот штаб, но нема воспоставување други мерки како пролетта кога не беше дозволен пазарен ден и кога беше укинат локалниот јавен превоз.
-Трендовите на нагорна линија на заболени се на ниво на државата и затоа и ние ги следиме препораките кои се на ниво на сите други градови. Ќе направиме и наши проценки доколку има потреба од заострување на мерките, рече Арифи.
Според податоците на Кризниот штаб, до денеска во Тетово и петте околни општини вкупниот број лица со дијагностициран КОВИД-19 изнесува 2282. Од оваа бројка досега 1527 лица се излекувани, а 102 се починати, а активни случаи е 613 лица. Со одлука за изолација од Државниот санитарен инспекторат се 745 лица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Благоја Пандовски, Транспаренси Интернешнл Македонија
-
Партнерот на Рамајана ја убил пред 5-годишната ќерка
-
Пред утрешната средба, Мицкоски бара Таравари јасно да каже дали соработува со Ахмети
-
Мицкоски и Филипче го повикаа Ахмети да се повлече од идеите за дестабилизација
-
Мицкоски: Имаше обид за инженеринг за вистината за Делчев
-
Имало ли пријави за насилство?
-
Возачот кој на пешачки ја удри Фросина Кулакова седнува во судница
-
Велосипедско возење во знак на поддршка на семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани