Македонија
5. October 2019 - 15:21

Во Тетово се спроведуваше акцијата„Разговори за обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ

Акцијата на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Разговори за обнова на Македонија“ денеска се одржуваше во Тетово. Раководството на општинскиот комитет заедно со Трајко Славевски, членот на извршен комитет на партијата на штандови во централното градско подрчаје разговораа со граѓаните и ги запишуваа нивните идеи и предлози.

– Продолжуваме со акцијата за обнова на Македонија. Република Македонија да тргне по вистинскиот пат, не по по прав пат тоа е србизам. Состојбите во Македонија се влошуваат, иако Владата на СДСМ ја прогласи 2019 година наводно за економска година откако две третини од неа поминаа. Не уверуваат дека била најдобрата во последните 15 години, не треба човек да биде економски образован да види дека не е така. Ние сме имале години со подобар животен стандард и со поголем економски раст во Република Македонија. Ние сакаме да достигнеме тој период кога беше побезбедна, кога економијата беше на прво место, кога се постигнуваше висок економски раст, изјави Трајко Славевски.

Тој ја потенцира безбедоста како проблематика на денешното живеење.

-Во период кога имаме стабилни меѓунационални односи не е разбирливо како луѓето не се чувствуваат безбедност по улиците по домовите по кафеаните по болниците. Полицајците се напаѓаат, вакво нешто не сме имале и малку е чудно Владата како не е способна да воспостави нормално живеење на граѓаните, рече партискиот функционер.

Во Тетово Славевски рече дека се собираат мислења, идеи и и предлози од граѓани како секогаш што се правело во минатото.

-Ние имаме подлога и визија како на да работиме на економнски план затоа што економски прашања, вработувања, животен стандард е она што најмногу ги засега граѓани. Сакаме да понудиме програма која што ќе ја поттикне економијата кон побрз раст, а тука се неопходно корекции и предлози на македонски граѓани и затоа ја крстосуваме Македонија, рече Славевски.

Според партискиот функционер без разлика на одговорот околу почетокот на преговори со Унијата ВМРО ДПМНЕ има придонес како власт и опозиција во евроатланските интеграции. Доколку ја добијат довербата на идни предвремени избори, според Славевски, ВМРО ДПМНЕ ќе го забрза процесот за приближување на стандардите во Македонија кон оние на ЕУ.