-->
-->
Во струмичките средни училишта слободни се 511 места
-->
По двете пријавувања и запишувања во месец јуни и едно пријавување во месец јули, во трите средни општински училишта останаа 511 слободни места.
Најмногу слободни места има во СОУУД „Димитар Влахов“ и тоа во тригодишното образование во земјоделско-ветеринарната струка, за образовниот профил поледелец нема пријавено ниту еден ученик, односно има 34 слободни места. Во хемиско-технолошката струка, за образовниот профил пекар, има 27 слободни места.
Во четиригодишното образование во ова средно училиште има 100 слободни места во образовните профили: агротехничар, техничар за фитомедицина, техничар за агроменаџмент и прехранбен техничар.
Во гимназијата „Јане Сандански“ има 135, а во СОУ „Никола Карев“ има 212 слободни места.
Од општината информираат дека учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места на 26 август за што треба да достават доказна документација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!
-
Од 1 јуни Македонците полесно до работна виза во Германија