Во Србија досега вакцинирани 218.000 лица, а 578.330 аплицирале за вакцина
Во Србија досега се вакцинирани 218 000 граѓани, а вчера вакцината против коронавирусот ја примија 43.000 лица. Досега 578.330 граѓани аплицирале за вакцинирање, а денеска ќе се вакцинираат 25.000 лица.
Претходните денови на сите пунктови во Србија, покрај граѓаните што аплицирале за имунизација, беа вакцинирани и оние кои беа дојдени без повик. Во Србија граѓаните на почетокот на овој месец се вакцинираа со вакцините на Фајзер и Спутник V, a последниве денови мнозинството од нив се вакцинира со кинеската вакцина Синофарм, која е најдостапна.
Државниот секретар во Министерството за здравство, Мирсад Ѓерлек, изјави дека од утре ќе се работи во две смени на Белградскиот саем, кој е најголем пункт во Србија за вакцинација со 58 медицински сестри и дека дневно се планира да се вакцинираат по 10.000 лица.
Епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ денес изјави дека примерокот од новиот, мутиран вид на коронавирус во Србија бил земен на 31 декември, кога жената која пристигнала од Велика Британија ги забележала проблемите.
На прашањето дали е оправдан стравот од новиот вид на коронавирус, Тиодоровиќ одговори дека поголем број на заразени се последица на тоа што мутираниот вид побргу се пренесува и дека последица на поголемиот број на заразени е поголемата смртност во споредба со веќе присутниот вирус.
Тиодоровиќ кажа дека „таму каде што мерките не се спроведуваат целосно, со поголемата инфекција се зголемува и смртноста“ и дека без оглед на фактот дека „вакцинацијата оди добро“, апсолутно сите мерки што се во сила треба да се почитуваат.
Ново на Сител
-
Пожарите можеби се дел од поинакво сценарио, истрагите за подметнувања се во тек, кажа Tошковски
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Голем пожар во Крива Паланка, пронајдено починато лице
-
Сиљановска-Давкова донесе одлука за ангажирање на армијата во справувањето со пожарите
-
Пожарот кај Николиќ трет ден е активен, огнот се шири со помош на силниот ветер
-
Црниот густ чад од Визбегово опасност по здравјето
-
Тема на денот со Димитар Николовски - Евротинк
-
На Прилеп му се потребни 260 литри вода во секунда, а се троши 420, потребно е штедење