Во Словенија кампања за вакцинација поради пад на вакцинирано население
За да спречат повеќегодишен тренд на намалување на вакцинирањето против заразни болести, во Словенија се размислува за зголемување на казните за родители кои избегнуваат или не сакаат да ги вакцинираат своите деца.
- Казните сега се од 200 до 500 евра. За зголемени парични казни за избегнување вакцинирање и за ограничувања за невакцинирани деца при упис во градинки се уште се расправа, бидејќи одлуката треба да се донесе во согласност со оние за кои се однесува, изјави Мојца Гобец, шеф на управата за јавно здравје во Министерството за здравство.
Во Словенија веќе неколку месеци трае кампањата за потребата од вакцинирањето за да се прекине тој тренд за невакцинирање, што го зголемува ризик од епидемии и повторна појава на болест за која мислел дека се минато.
Паника во Детската болница во Љубљана пред една недела предизвика татко од Изола, кој синот го носел на редвен преглед, по што му е утврдено дека е носител на вирус на сипаници, а бил во контакт со стотина луѓе, кои биле повикани на прегледи.
Според Еуростат, Словенија е на дното на листата на стари лица кои се вакцинираат против сезонски грип. Во Словенија се вакцинира секој десетти додека во останатиот дел од ЕУ просекот на вакцинирани стари луѓе е 35 отсто, а во неко западни држави и многу поголем.
Ново на Сител
-
Многу пријави за интернет закани, ама Македонија се уште без закон за сајбер беезбедност
-
Бел чад над систинската капела – избран е наследникот на папата Франциск
-
Тема на денот со професор Звонимир Јанкуловски, поранешен амбасадор во Ватикан
-
Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
-
И Димитриевски и СДСМ ги повикаа истражните органи да утврдат дали има корупциски скандал во Куманово
-
Предлог-закон на СДСМ за помош на настраданите од Кочани, од ВМРО-ДПМНЕ нема да го поддржат - имаат свој план за помош
-
Истрагата за пожарот во Кочани во полн ек, родителите обвинуваат за масовно убиство
-
Кој треба да истражува дали има фиктивна вакцинација на деца со лажни потврди?