Подготовките за локалните избори во полн ек – Таравари на излезна врата
Опозицискиот лидер очекува распад на владејчката коалиција но не сака да се меша во односите меѓу владините партнери. Вели, фокусиран е на подготовка за локалните избори и внимателно ќе ги избере коалиционите партнери по штетата која им ја нанеле ДУИ во претходната влада.
Чудно е човекот на кој му се распаѓа партијата да зборува за распад на владината коалиција, вратија од ВМРО-ДПМНЕ.
За изборите забрзано се подготвуваат и во ЗНАМ. Ќе имаат самостојни советнички листи а во трката за градоначалници очекуваат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. И во ЗНАМ се на ставот дека за соработници на ДУИ нема место во Владата
Во албанскиот политички блок очекувано фокусот е Таравари. По јавните несогласувања, од Вреди најавуваат дека тој нема да го дочека наредниот месец како министер
Но Таравари не делува многу загрижен. По напуштањето на Вреди и тој почна да се подготвува за самостоен настап на изборите, а извори блиски до него не кријат дека очекува и поддршка од ДУИ.
Вчера веќе формираше и изборен штаб во Гостивар каде како што рече, фаворит им е актуелниот ВД градоначалник кого го назначи кога стана министер.
Во ДУИ велат дека се разочарани од однесувањето на Вреди.
„ Секојдневно слушаме не само од Премиерот, туку и од други преставици на ВМРО, па дури и од останатите коалициски партнери, за тоа кој со кого смее, а кој со кого не смее да коалицира и кој со кого бил фатен да разговара или преговара.“ – се вели во партиското соопштение.
ДУИ првично најавуваше бојкот на локалните избори но партиското раководство е растрчано на терен, а подготовките влегуваат во полн ек.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар