Во Радовиш изгоре куќа - тешко повреден пожарникар
Целосно е изгорен вториот кат и кровната конструкција на куќа во Радовиш во пожар што избувна попладнево на улицата „Партизанска“. При гаснењето на пожарот тешко е повреден и еден пожарникар, кој има скршеници на ногата, по што е хоспитализиран во Клиничка болница-Штип, а поради сериозноста на повредите е испратен на Клиниките во Скопје.
Командирот на ТППЕ- Радовиш, Ѓеро Коцев вели дека од страна на соседи е пријавен пожарот во 13 часот и 50 минути, а сопственикот на куќата не бил дома.
-Во гаснењето на пожарот учествуваме девет пожарникари со три противпожарни возила, пламените jaзици брзо се ширеа, бидејќи куќата е изградена од трска. Според увидот, кој е направен пожарот настанал најверојатно од компјутерот, а потоа се проширил на завесата и на останатат покуќнина, вели Коцев.
Додаде дека при интервенцијата, пожарникарите успеале да ја спасат и соседната куќа, чија кровна конструкција била на само неколку метри од опожарената куќа.
Ново на Сител
-
Теренски активности за изборите на помалите политички партии
-
Бројот на лица со симптоми од сендвичи се искачи на 17, кај дел е изолирана салмонела
-
Мицкоски: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин
-
СУТКОЗ утре ќе го блокира цело Скопје бидејќи вработените во Паркови и зеленило, Флораком и Луна немаат плата
-
Преглед на вестите од светот
-
Поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска седна на обвинителна клупа
-
ВМРО-ДПМНЕ вечерва во Струга и Ресен
-
Шукова: Вардариште ќе биде модерна европска претоварна станица