Во Прилеп изгореа две куќи, нема повредени
Две куќи изгореа изутринава во силен пожар на улицата „Круме Волнароски“ во Прилеп, информираат од Прилепската противпожарна единица.
Според Станко Колески, командир на Противпожарната единица нема повредени, но причинета е огромна материјална штета.
- Пожарот е пријавен изутрина во 7:11 часот на улицата „Круме Волнароски“ број 29. Кога стигнале пожарникарите веќе горел покривот на куќата. Стихијата ја зафатила и соседната куќа. Пет возила со 16 пожарникари интервенираа и пожарот е ставен под контрола, но се уште е опасно жариште. Целосно изгореа горните катови на двете куќи со покривната конструкција. За среќа нема повредени, но причинета е огромна материјална штета. Во двете куќи живеат три фамилии, изјави Колески.
Во моментов противпожарни екипи, екипа на крим-техника од полицијата и од основното јавно обвинителство се на теренот и работат на откривање на причините за пожарот.
Ново на Сител
-
Анализа: Како напредува процесот на дигитализација на УКИМ?
-
Прилеп конечно доби комплетно нова детска градинка, втора по големина во Македонија
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски на „Македонија 2025“: Се соочивме со големи предизвици, но македонската економија има потенцијал
-
Со симулација на сообраќајна несреќа во Прилеп се одбележа 12 мај, Ден на медицинските сестри
-
Младите волонтери во хумана акција
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Мирче Адамчевски