Во празничниот викенд 26 сообраќајки во Скопје
Дваесет и шест сообраќајки се регистрирани во изминатите четири дена на подрачјето на Скопје, во кои со тешки телесни повреди се здобиле две лица, а 25 се полесно повредени. Во девет сообраќајки е причинета само материјална штета.
Сообраќајната полиција во петокот извршила увид на девет сообраќајни незгоди, од кои три се со телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле три лица, а шест се со последица материјална штета.
Како што информира за МИА самостојниот инспектор Драган Вељановски, во саботата се регистрирани шест сообраќајки во кои полесно се повредени 16 лица.
Од деветте сообраќајни незгоди што се случиле во неделата, во две со тешки телесни повреди се здобиле двајца мотоциклисти, а со телесни еден сопатник на мотоцикл, во четири со полесни повреди се здобиле седум лица и три незгоди се со последица материјална штета.
Вчера е извршен увид на две сообраќајни незгоди во кои со телесни повреди се здобиле две лица.
Во изминатите четири дена сообраќајната полиција санкционирала 19 возачи кои возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, четворица поминале на црвено светло на семафор, а 24 возачи не користеле сигурносен појас или користеле мобилен телефон.
Санкционирани се и 74 возачи без возачка дозвола, односно нерегистрирано возило, пет возачи почетници сториле прекршоци по разни основи, а пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило пајак, во текот на овие четири дена отстранети се 137 возила кои во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Во рамки на проектот „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ денеска Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативни работилници со ученици од второ одделение во ООУ „Ѓорѓија Пулевски“ во општина Аеродром.
Ново на Сител
-
Превртена приколка од камион го блокира патот Истибања – Македонска Каменица, сообраќајот во прекин
-
Во среда авионска дезинсекција против комарци во Скопје
-
Град Скопје: Власта го политизира наместо да го осуди случајот со физичкиот напад врз градоначалничката Арсовска
-
Формиран Кризен штаб за заштита од пожари во Македонска Каменица
-
Украинските ученици наскоро ќе учат да летаат со ФПВ дронови како дел од ажурираната наставна програма „Одбрана на Украина“
-
Исчезна руски воен хеликоптер со пет лица
-
Кривична за кавадарчанец за шест дела „тешка кражба“ и две за „тешка кражба во обид“
-
Сузбиена организирана криминална група инволвирана во криумчарење на мигранти, приведени шест лица