Трамп одликуван со највисокиот орден за заслуги во Јужна Кореја

Претседателот на Јужна Кореја, Ли Џе Мјунг, му го додели на американскиот претседател Доналд Трамп највисокиот орден за заслуги во земјата, како признание за неговиот „придонес кон мирот на Корејскиот Полуостров“, соопшти денеска официјален Сеул.
Трамп беше одликуван со Големиот орден Мугунгхва, со што стана првиот американски претседател што го добил ова признание. Одликувањето се состои од приврзок што се носи околу вратот.
– Ова е голема чест, рече американскиот претседател на церемонијата во Гјонгџу, Јужна Кореја.
– Можам да го носам веднаш, се пошегува тој.
Ли, исто така, му подари на Трамп украсна, специјално позлатена реплика на историска круна од античката корејска династија Сила, која владеела од 57 година п.н.е. до 935 година од н.е.
За време на неговиот прв мандат, Трамп трипати се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун во 2018 и 2019 година, првите и досега единствени средби меѓу актуелен американски претседател и лидер на Северна Кореја.
Трамп во моментов е во дводневна посета на југоисточниот град Гјонгџу, каде што се очекува утре да се сретне со кинескиот претседател Си Џинпинг.
САД и Јужна Кореја денеска ги финализираа дополнителните детали од трговскиот договор по повеќемесечни преговори.
Американскиот претседател рече дека договорот е „речиси завршен“.
Висок функционер во јужнокорејската влада изјави дека земјата ќе инвестира 350 милијарди долари во САД. Периодот на инвестирање ќе биде постепено распореден во текот на неколку години, при што вкупниот годишен износ нема да надмине 20 милијарди долари.
За возврат, рече функционерот, американската влада ќе ги намали царините за јужнокорејскиот увоз.
Јужна Кореја, исто така, изјави дека САД ќе ги намалат царините за јужнокорејската автомобилска индустрија од 25 на 15 отсто.
МИА
Ново на Сител
-

Сибиха: Зеленски е подготвен за средба со Путин
-

Лишени од слобода три лица, а со четири извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие
-

Оштетен минибус со охридски навивачи
-

ЈП Водовод и канализација – Скопје со акција за отплата на долгови без пресметка на камата
-

Десет лица повредени во верижен судир на пет возила во Ѓорче
-

54-годишник барал 20.000 евра од жена, заканувајќи се со објавување на компромитирачки снимки
-

Средба на Сиљановска-Давкова во Анталија со претседателот на ТИКА, Ерен
-

ЦУ: Запленети скапи „Ејпл“ часовници заменети со евтини копии, оригиналите пронајдени при претрес на скопска мобилара, кривична пријава против осум лица
