-->
-->
Во Пијанечко-малешевскиот регион 28 лица во самоизолација
-->
Бројот на граѓани во самоизолација во Пијанечко-малешевскиот регион за изминатото деноноќие изнесува 28 лица. Најмногу самоизолирани според надлежните, викендов има во Македонска Каменица, додека најмалку во Пехчево.
– Бројот на самоизолирани од околината поради КОВИД-19 во овие две општини изнесува 19 лица, од нив 16 се во Македонска Каменица, додека само тројца во Пехчево. Во Берово во самоизолација се девет лица, додека во Делчево денеска нема лица кои се наоѓаат во самоизолација. Бројката варира во зависност од тоа на колку лица им поминал рокот за задолжителна самоизолација од 14 дена, информираат надлежните.
Генерално, во овие општини се почитува повеќечасовниот карантин, со тоа што дел од граѓаните се во можност да ги завршат пролетните обврски во своите домови.
Граѓаните кои имаат дворови или мали градини со фолии го искористија времето за садење, претежно раноградинарски култури – лук, марула, млад кромид.
Четирите најисточни општини, Делчево, Македонска Каменица, Берово и Пехчево се меѓу ретките каде се уште нема позитивен случај на КОВИД-19.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Земјиштето околу Собранието ќе стане безбедносна зона
-
Тема на денот со Тодор Кулаков, татко на Фросина
-
153 години од раѓањето на Гоце Делчев
-
Експертите бараат казна затвор за возење под дејство на алкохол или немање возачка
-
8 години затвор - највисока казна за смртен исход во сообраќајка во последните 6 години
-
Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
-
Онкологија и Хематологија добија многу поголем буџет од ФЗО
-
Мицкоски: Нелогично е да има цигари во минималната кошница