Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
Тодор Кулаков, таткото на младата Фросина која пред недела дена загина во трагична сообраќајна несреќа, вечерва во Дневникот на Сител се заблагодари на сите граѓани кои излегоа на протестите, искажа и благодарност кон институциите и медиумите. Најави нови, помасовни протести и бара максимална казна за момчето кое ја прегази Фросина.
Изјави дека има сознанија дека Васил Јованов, кој смртно ја прегази неговата 22-годишна ќерка, се планира да го сместат во друга институција.
– Она што особено ни паѓа тешко кога нашата ќерка така еднаш свирепо е убиена, веројатно поради тоа што таков како што ни е системот ќе треба уште стопати таа да умира и ние со неа. Последно сознание кое што стигна до нас е дека сакаат таквиот монструм да го претстават дека е шекнат од болка, а тоа е бидејќи им ги земаат телефоните, не можат да комуницираат, па сакаат да го префрлат во некоја друга институција, како на пример лудница каде ќе може слободно да комуницираат, вели Кулаков.
Тој вели дека на ноќта на настанот, три часа по трагедијата на Партизанска не се појавил обвинител.
Бара и родителите на Васил да одговараат поради соучество и истакна дека неказнивоста е причинителот на вакви ситуации.
- Кога ќе се земе кумулативно и преку 40 години казна доаѓаат. Немал право да го вози автомобилот без возачка дозвола, поминувал на црвено, возел под дејство на алкохол, со трипати поголема брзина од дозволената. Ние ги живееме последиците од тоа. Ниту тој, ниту родителите немаат зрно каење, туку само гледаат како и овој пат да се заврши работата, рече меѓу другото Кулаков.
На прашање дали осомничениот Васил Јованов бил на местото на несреќата, таткото рече „не“.
– Дали е иронија на судбина или не знам што е, веројатно понатаму времето најдобро ќе покаже, тој колата откако ја согазил ќерка ми ја остава пред нашата зграда на „Партизанска“, четири трепкачи, „Партизанска“ е празна. Кутрето што го водела под кола било, но не го видовме бидејќи ноќ е. Тоа можам да ви кажам, не беше, вели тој.
Прашан каков епилог очекува од оваа судска постапка, како минимална утеха за семејството, Кулаков „утеха нема“.
- Ова што го правиме за правда за нашата ќерка, за правда. Немате претстава колку има вакви случаи, рече таткото на Фросина, Тодор Кулаков.
Васил Јованов под дејство на алкохол, на црвено светло и без возачка дозвола смртно ја прегази младата Фросина Кулакова. Се случија низа протести за правда и за одговорност по информациите дека Васил и претходно се судирал со законот, но поминувал полесно.
Ново на Сител
-
Бела куќа: Фактот што Трамп го покани Нетанјаху пред другите значи дека ќе продолжи цврсто да стои со Израел
-
Таткото на Фросина најави помасовни протести и бара доживотен затвор за Васил
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник