Каролина Симоновска разрешена од директорската функција – Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле
Каролина Симоновска разрешена, Катерина Бошковска нов директор на клиниката Козле. Докторката која вчера сакаше да забрани да и се спомнува името и предизвика револт, критики и реакции од еснафските здруженија, повеќе не е на функција. Како што сооштија од Министерството за здравство, Бошковска на директорското место доаѓа како кадар од установата со повеќе од 20 годишен стаж. Во изјава за Сител вели дека ќе има многу работа а една од нив е и средување на работите откако станаа дел од терциерното здравство но се уште не се таму со плати и функции.
- Да се вратат меѓучовечките односи кои изминатиот период како што знаете беа малце нарушени, и секако нема да работам сама туку со мојот тим кој ми дава поддршка за да ги вратиме работите во нормала и да го подигнеме рејтингот и грижата за најмалите пациенти, вели проф. д-р Катерина Бошковска, директор на Клиника за респираторни заболувања кај деца Козле.
Во Козле неколку месеци имаше препукувања меѓу вработени и Симоновска а состојбата кулминираше вчера, кога веќе разрешената директорка побара медиумите да не го споменуваат нејзиното име што од ЗНМ и новинарскиот синдикат беше оценето како директна цензура врз новинарите а истото било тема на разговор и во Министерството за здравство.
- Ние вчера разговаравме за Козле во Министерството, вели Јовица Андовски, заменик министер за здравство.
Освен за нарушени меѓучовечки односи, минатата недела лекарскиот колегиум од Козле побараа Симоновска итно да биде разрешена бидејќи и дала отказ на доктор Јосифовска специјалист во ОРЛ одделот.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар