Македонија
28. April 2025 - 12:22

Во општина Василево формирано доброволно противпожарно друштво

Општините од Југоистокот  ја зајакнуваат противпожарната заштита. По примерот на Конче, Дојран и Струмица, и Општина Василево формираше  доброволно противпожарно друштво. Новоформираното друштво ќе дејствува како поддршка на постоечките професионални служби и ќе биде активно вклучено во интервенции при пожари и други вонредни состојби. За таа цел веќе се обезбедени две противпожарни и едно теренско возило.

Возилата се целосно опремени и имаат  капацитет од 5 и 2 тони вода, додека теренското возило е специјално наменето за брзи интервенции во потешко пристапни области. Тие се донација од стопанственикот Бранко Ефтимов, како резултат на неговата лична заложба за поддршка на локалната заедница.

Иницијативата за формирање доброволни противпожарни друштва продолжува да се шири низ Југоисточниот регион. Веќе е започната постапка и во Општина Ново Село, каде наскоро се очекува официјализирање на ново друштво.