Во општина Ново Село ќе се поврзуваат три населени места со локален пат
Градоначаликот на општина Ново Село, Никола Андонов и раководителката на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, Жулиета Ѓуркова потпишаа договор за изградба на локален пат за поврзување на селата Зубово, Ново Село и Мокриево во рамките на третата фаза од изградбата во должина од 900 метри.
Прoектот ќе го имплементира Центарот во партнерство со Општината, а вкупниот износ на проектот е 6.665.560 денари, од кои од програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година се обезбедени 5.643.695, а општина Ново Село во проектот учествува со сопствени средства во износ од 1.021.865 денари.
Проектот се реализира во рамки на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој според мерката „Развој на јавна инфраструктура во рурални средини“ и „Инвестиции во локална патна инфраструктура за поврзување меѓу две или повеќе населени места во рурални средини“.
Ново на Сител
-
Студенти од Турција ограбиле таксист во Скопје
-
24-годишен охриѓанец со стаклен предмет нападнал маж од Скопје
-
До крајот на неделата СДСМ со првите кандидати за градоначлници
-
Приведени четири лица, возеле со брзина поголема од дозволената
-
Кочовска во Турција
-
Законот за енергетика во Собранието
-
Работата од дома најпопуларна кај Германците и Финците
-
Првиот човек на белгиската Армија бара прогласување на „кризна состојба“