Во Крива Паланка издадени 31 дозволa за собирање споредни шумски плодови
Јавното претпријатие Национални шуми-Подрачно шумско стопанство „Осогово“ има издадено вкупно 31 дозвола за собирање споредни шумски плодови за оваа сезона.
-Сезоната на собирање споредни шумски плодови отпочна на 1-ви месецов, а досега вкупно триесет и едно физичко лице од Крива Паланка има дозвола за оваа активност. Дозволи се уште се издаваат во нашата подружница, истите чинат 400 денари, а важат за цела сезона, така што граѓаните кои имаат дозвола, што е задолжително за да можат да се занимаваат со оваа дејност, со оваа дозвола покрај актуелните боровинки, малини, капини и шипинки, ќе можат да собираат печурки, билки и останати споредни шумски плодови во текот на целата година, информира Ѕвонко Груевски, раководител на ЈП подружницата на ЈП „Национални шуми“ – шумско стопанство „Осогово“.
Покрај физички лица, дозволи се издадаваат и за правни лица, за вршење откуп на плодови од природата. Во 2019 година две фирми што вршат откуп склучиле договори со ПШС “Осогово“, а информирани биле вкупно шет кои вршат ваква дејност на територијата на Крива Паланка.
-Контрола на бербата на споредни шумски плодови се врши редовно, надлежни за контролирање се МВР, Шумска полиција, Гранична полиција и шумочуварската служба на нашето претпријатие. Досега, од почетокот на бербата, од 1 август, шумочуварската служба извршила 12 контроли во кои се опоменати 30 лица, кои се упатени да набават дозвола во подружницата, за да се избегнат казни и санкции, додава Груевски.
Ново на Сител
-
Средба Сиљановска - Филипче
-
Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
-
Европската Унија му донираше еколошки автобуси на ЈСП
-
Најголем дел од банките ќе се вклучат во владиниот проект за унгарскиот кредит
-
Вложување во дигитализација
-
Матични лекари ќе можат да работат без медицинска сестра во населени места до 2000 жители
-
Ристоска: За корупцијата се зборува многу но резултатите се слаби
-
Академската фела: Не се применува новиот закон за македонски јазик