Борисов се откажува од премиерската позиција, со олеснување ќе го врател мандатот
Борисов се повекува од идејата да биде повторно премиер на Бугарија. Ќе го врател мандатот за да формира влада, веднаш штом го добие како победник на последните избори. На прес конференција лидерот на ГЕРБ порача дека нема намера повеќе да се занимава со уништена држава и со олеснување се откажува од позицијата.
Ваквата најава доаѓа по ставот на ПП ДБ дека Борисов не е добар кандидат за премиерската функција, и покрај тоа што лидерот на ГЕРБ направи отстапка и порача дека претседателот на собранието може да биде од редовите на ПП-ДБ. Извршниот комитет на ГЕРБ ја потврди одлуката дека лидерски преговори ќе се одржат само доколку се водат за формирање мнозинство и стабилна влада.
Партиите за кои Борисов порача дека нема да бидат дел од идната влада, прстот го вперија во него како главен виновник за состојбата во државата. Повикуваат на дијалог за да се избере кандидат за претседател на Собрание кој ќе ги обедини сите.
Досега пет обиди за избор на претседател на Парламентот не беа успешни.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар