Балкан
29. November 2024 - 16:46

Ден на Републиката

29 ноември до распадот на Југославија, се прославуваше како најважен државен празник – Ден на Републиката. Иако постепено бледеат сеќавањата на овој, некогаш најголем празник во заедничката федерација, сепак и денес здруженението на Комунисти како и Сојузот за Вистината за Југославија се собраа во куќата на Цвеќето за да го одбележат денот.

Овој ден порано со децении  го обележуваше пионерската заклетва на многу генерации. Луѓето кои биле дел од тоа и дале заклетва зборуваат во суперлативи и ден денес.

 Во Белград во посета на „Куќата на цвеќето“ на Дедиње - место каде е погребан поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито вчера и денес беше посетуван од луѓе почитувачи на Денот на Републиката.