Средба Сиљановска – Филипче
И ние се обидовме со уставни измени со одложено дејство но Бугарија тоа го одби. Опозицискиот лидер Филипче по средбата со Претседателката Сиљаноска повтори дека неговата партија нема да биде пречка во процесот на евроинтеграции но и натаму останва скептик дека патот по кој се движи премиерот може да не однесе до целта.
Првата средба со Сиљаноска Филипче ја оцени како пријателска и конструктивна и изрази надеж дека таквиот начин на комуникација ќе стане пракса во иднина. И се пожалил за како што рече партизацијата на безбедносните служби.
На средбата беа разменети мислења за општествениот амбиент, со посебен акцент на политичките и безбедносните состојби, се вели во соопштението од претседателскиот кабинет.
„Во својство на претседател на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче ја нагласи потребата од активна соработка на Советот со Владата во функција на спроведување на Планот за раст и Реформската агенда.
Претседателката го информираше за нејзиното видување на евроинтеграцијата и можните решенија за отпочнување на преговорите со Европската Унија.“ – се вели во соопштението од Вила Водно.
Ова е прва средба на Филипче со Претседателката Сиљановска. Доаѓа во време на засилени напори од страна на власта за деблокада на процесот на евроинтеграции и на помалку од 2 недели по средбата на Претседателката со бугарскиот колега Радев кој во моментов е единствен бугарски функционер со политички легитимитет.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар