Во Кавадарци отворена ликовната изложба „Кумановски графичари 2015“
Во Галеријата при Домот на културата „Иван Мазов Климе“ во Кавадарци синочќа беше отворена изложбата „Кумановски графичари 2015“.
Културниот настан го организираше кавадаречкиот културен дом со помош на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово.
На изложбата со свои дела учествуваат академски графичари меѓу кои Зоран Јакимовски, Стефан Јакимовски, Ханифе Ислами, Милена Арсовска, Валентина Илијевска, Симона Јакимовска, Ана Јовановска, Мила Трендафиловска и Елеонора Накевска.
Директорот на Домот на културата од Кавадарци, Владимир Темков ја нагласи плодната соработка која културните дејци од двата града ја имаат воспоставено и досега се практикува во повеќе области - литература, ликовна уметност, театар.
Центарот за култура од Кавадарци во Куманово ќе гостува на 20 јануари со изложбата на ликовните уметници од Кавадарци отворена на крајот на минатата година.
Кустос-историчарот на уметноста од Куманово Роберт Цветковски говореше за изложбата и најновите графички остварувања.
- Се работи за графики работени во повеќе техники, но делуваат компактно со внесување сопствени креации, автентичност, печат. Оваа изложба ќе посети повеќе градски центри во Македонија со цел пошироката јавност да се запознае со богатото творештво на кумановските уметници, рече Цветковски.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ако сакаме во ЕУ мора да го урнеме корумпираниот систем
-
Освен на културните работници, платата им доцни и на стотици други вработени во државни институции
-
Извештај на ММФ
-
Преглед на вестите од светот
-
Акција на МВР: Околу 50 осомничени за злоупотреби во ПИОМ
-
Неопходни се реформи во правосудството
-
Меџити: И со ДУИ и во Влада не оди
-
Необичен хуман гест- донација од 200 литри магарешко млеко за опоравување на повредените во Кочани