Во Гостивар одбележани 14 години од погибијата на двајца полицајци
Роднини, пријатели, претставници од Полициската станица Гостивар и здружението на бранители пред спомен-обележјето на влезот во гостиварската населба Циглана, посветено на Александар Николиќ и Даиљ Јанковски двајцата трагично загинати полициски резервисти запалија свеќи и положија букети цвеќе.
На пригодниот комеморативен собир, тие им оддадоа почит и се поклонија на двајцата поранешни колеги, чиј живот згасна пред 14 години додека беа на должност. Букети цвеќе за Александар и Даиљ беа положени и на нивните вечни почивалишта на градските гробишта.
Јанкоски и Николиќ, како припадници на резервниот полициски состав беа застрелани на должност, на полициски пункт во 2002-рата година час после полноќ на 26-ти август од автомаско оружје. Едно лице беше рането и го преживеа нападот. Виновниците за убиството не се откриени.
На иницијатива на здружението на бранители „Бедем“ во 2012 година на местото на погибијата беше поставена спомен плоча.
Ново на Сител
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април
-
Ќе се разрешуваат членови на Судски?
-
Христовски ги исполнил условите
-
Османи: Груби згреши што избега