Македонија
16. April 2025 - 12:23

Таравари останува во Вреди, но сам ќе оди на избори

Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари по повеќе од три часа дебата одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Таравари образложи дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Вреди“ и во состав на Владата. Според Таравари, ваквиот заклучок е донесен затоа што во „Вреди“ не ја прифаќале нивната идеја пред да се донесат одлуки за кандидати за градоначалници и советници да се испита и мислењето на граѓаните и гласачите. Какви ќе бидат следните чекори, коалицијата Вреди ќе одлучува денеска на седница која како што утрово изјави вицепремиерот Меџити е закажана за денеска во 14 часот.