Колешино - Село со пример за верски соживот
Во подножјето на планината Беласица, опкружено со природна убавина и богата историја, се наоѓа селото Колешино - едно од најмалите места во Македонија, но и едно од најбогатите кога станува збор за верска и културна разновидност.
Овде, православните христијани, методистите, адвентистите и припадниците на други верски заедници не се само соседи - тие се едно семејство. Како што вели Христо Стојанов, еден од жителите на селото ,, Во Колешино, различноста не не дели, таа не обединува.
Соживотот во Колешино се чувствува секој ден, но најмногу доаѓа до израз за време на големите празници, како Велигден. Без разлика кој како го празнува, сите се обединети во едно, меѓусебната почит и заедничката радост. Ова го потврдуваат и нашите соговорници Спаско Миков и Ванчо Ѓоргиев, од кои едниот припаѓа на адвентистичката, а другиот на евангелско-методистичката црква. За нив, како и за многумина во селото, празниците не се повод за делби, туку за зближување.
Без разлика дали е голем верски празник или обичен ден, Колешино секојдневно покажува дека верата може да остане интимна работа, додека одговорноста за заедницата е заедничка. И покрај разликите, селото не гради ѕидови туку мостови.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар