Македонија
16. April 2025 - 12:22

Од петок трговците ќе ги објавуваат цените на интернет

Министерот за економија Бесар Дурмиши го објасни правилникот според кој трговците ќе треба да ги објавуваат цените на интернет. Почнувајќи од задутре, законска обврска е сите поголеми маркети, аптеки, салони за бела техника, мебел, пекари, објекти за продажба на градежни материјали да ги истакнат цените на сите производи кои ги продаваат. Дурмиши тврди дека досега од ниту еден трговец не стигнала жалба во врска со правилникот. Дали се спроведува законот ќе контролира пазарниот инспекторат, а казните за непочитување се до 10 илјади евра.