Во Франција за четири дена уапсени 55 педофили

Во голема операција на француската полиција е разбиена педофилска мрежа. Од понеделникот до денеска уапсени се 55 мажи.
Уапсените на возраст од 25 до 75 години, меѓу кои и еден свештеник, дедо, болничар, „добри татковци“, професор по музика и мажи самци разменувале пораки на Телеграм и биле во Контакт со „исклучително опасни“ педофили кои се во затвор од минатото лето, изјави раководителот на операциите во Канцеларијата за малолетници (ОФМИН), Квентин Беван.
Истрагата за разбивање на педофилската мрежа траела 10 месеци, откако минатото лето биле уапсени педофили кои злоупотребувале деца и објавувале на Телеграм.
Инспектор Беван посочи дека за време на операцијата се пресретнати илјадници пораки, фотоградии и друга содржина од сексуална злоупотреба на деца.
-Телеграм и понатаму е привилегирана платформа за педофили … едвај ги исполнува минимумот од своите законски обврски во борбата против педофилите, посочи Беван.
Апсења се спроведени во 42 департмани за поседување, дистрибуција и гледање порнографски содржини со деца под 10 години.
Ново на Сител
-

Протест на пензионерите пред Уставен
-

Почнаа да снимаат камерите - казни од следниот месец
-

Реформската агенда и Берлинскиот процес на дебата во Собранието
-

СДСМ: Разузнавач вработен во фирмата која го добила тендерот
-

Андоновски: Над 20.000 студенти ги искористиле ваучерите
-

Цврстите горива и понатаму број 1 причина за аерозагадувањето во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
