-->
-->
Во дворот убиле питон долг 4,5 метри и тежок 72 килограми
-->
Бурмански питон, долг 4,5 метри и тежок 72 килограми долго време го тероризирал населението во Ворен Каунти, се додека не бил убиен од еден жител, пишува Мирор.
Питонот го пронашла Полин Хорстданиел, откако се пробудила од лаењето на своето куче.
Во меѓувреме исчезнале две кучиња и три кокошки, а населението вели дека токму питонот е причината.
- Бев исплашена, го пробудив сопругот кој веднаш излезе со пиштол во рака, изјавила Полин.
Повикале и експерт за змии кој рекол дека ќе успее да го улови питонот, но за неколку дена.
Исплашени дека пиштолот нема да биде доволен, Полин го повикала својот свекор кој имал сачмарка со која два пати го погодил во глава.
- Имав намера да го фатам, се додека не го видов. Тогаш си реков „НЕ“, нема да се играм и го убив пред тој да ме нападне, изјавил свекорот Демент.
И покрај тоа што се ослободиле од питонот, населението се уште е во паника, велејќи дека не се чувствуваат сигурно се додека не дојде зима.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата