Македонија
15. јуни 2024 - 16:34

Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта

Голем дел од плажите и ова лето без спасители на вода

И ова лето дел од плажите на охридското езеро ќе останат небезбедни за капачите.Од Црвениот крст велат дека се преговара со дел од концесионерите на плажите и сопствениците на угостителските објекти на самиот кеј за обезбедување на спасители но  голем е делот и на оние плажи кои   се оставени сами насебе  неуредени, небезбедни и полни со смет.Лани од 34 само 15 капалишта имаа ангажирано спасители.

Иако официјално сеуште не е започната летната  сезона сепак веќе има еден давеник во  водите на езерото станува збор за 54 годишно лице од Неготино.

Минатата година  спасителите на вода имале 14 интервенции на извлечени спасени давеници и 840 укажувања на прва помош.