Бизнис
15. јуни 2024 - 16:34

Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?

Ќе се штити стандардот на граѓаните, поскапување на струјата нема да дозволиме, најавува новата власт. Штом се формира новото министерство за енергетика, првиот човек кој ќе раководи со оваа институција, Божиновска, најавува ревизија на работењето на РЕК Битола и ЕСМ.

Ќе се проверува колку струја се произведува дома, колку се купува од надвор,колку јаглен е набавен, со кој квалитет и кој го контрилира тој квалитет. 

– Зошто владата донела одлука зад затворени врати за зголемување на цената за 5% што ЕСМ ќе му ја продава на ЕВН хоум  по кој основ  и со кои аргументи го правда скокот од сегашните 57 на 60 евра за  мегават час?

Наместо одговори, од власта недостапни. Вчера само неофицијално брифираа дека на затворна седница донеле одлука за поскапување на струјата. Сепак, какви ќе бидат сметките за граѓаните, ќе се знае крајот на месецот. На  20 јуни  е Pзакажана аукцијата на тендерот за набавка  на струја за домаќинстават, а потоа Регулторна ќе донесе одлука.  

Според пресметките, ако поскапувањето е 5%, сметката  од 2.000 денари, ќе се зголeми за 100 денaри. Но на тоa сума се  плаќа и ДДВ од 18%, што значи дополнителни 18 денари. Од почетокот на годината беше  воведена и нова давачака од 200 денари за пристап до мрежа. Најавена дека ќе ги погоди само тие кои имаат неколку стана и викендички, но во пракса се одрази врз сите , а најмногу оние што штедат.

Инаку, истражувањата покажале дека две третини од граѓаните во земјава се во енерегетска  сиромаштија и бараат секаков начин  да заштедат на струја. Затоа во моментов се прави  анализа дали да се зголеми дневнаат евтина тарифа за уште еден час..

Во предизборната кампања лидерот на ВМРО ДПМНЕ  најави дека ќе ја укине новата давачка за пристап до мрежа, на што првиот регулатор возрати дека тоа би значело поскапување од 15% на цената  во евтина тарифа, но ќе скокне и во сите 4 блока.